МАКЕДОНИЈА – Денеска ќе преовладува променливо облачно време, наместа со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Поинтензивни врнежи ќе има во западните делови на земјава.
Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер, кој на моменти ќе достигнува брзина до 70 километри на час. Минималните температури ќе се движат од 7 до 16 степени, а максималните 20 до 27 степени.
Во Скопје, умерено облачно со умерен до засилен југоисточен ветер и со услови во попладневните часови за краткотраен локален дожд и можни ретки грмежи.
Во наредните денови следува период на променливо облачно и нестабилно време со локален краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поизразена нестабилност се очекува во сабота.