Марш за покревање на јавната свест за проблемите на лицата со параплегија и квадриплегија

Сподели

Денеска Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет Мобилност Македонија организира марш за покревање на јавната свест за проблемите со кои се соочуваат лицата со параплегија и квадриплегија, како и за нивните  специфични потреби за поквалитетен живот и социјална инклузија.

Настанот, како што соопштија од Сојузот, ќе започне пред Порта Македонија во 10:30 часот и ќе продолжи со марш по улица „11 Октомври“ во правец на Собранието на РМ до Домот „Даре Џамбаз“.