Нова лидерска средба – Ќе се постигне ли договор за избор на ДИК

Сподели

Лидерите на четирите политички партии СДСМ, ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ и едно од крилата на Беса, Зоран Заев, Христијан Мицкоски, Али Ахмети и Билал Касами денеска повторно ќе имаат средба во Клубот на пратеници во Скопје.

Лидерите на четирите партии ќе разговараат за разликите и да постигнат договор за формирање на ДИК и прашањата поврзани со претстојниот референдум, чија евентуална можна формулација ја соопшти Заев на првата лидерска во проширен формат – Дали сте за ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот меѓу Република Македонија и Република Грција.