ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Денеска во Македонија ќе преовладува сончево време со мала облачност, а попладне во крајните западни делови ќе има зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Минималната температура ќе се движи од 9 до 20 степени, а максималната од 28 до 34 степени. УВ индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од 18 до 31 степени.

До петок ќе биде стабилно и суво со пораст на дневните температури. Во петок исто така ќе биде топло, но се очекуваат врнежи од дожд проследени со грмежи, особено во западните делови. Услови за повремен дожд ќе има и во сабота на повеќе места, но со помал интензитет.