Ретвитни оброк #180: Секој заслужува достоинствен оброк, 1.септември
Повторно готвиме за нашите сограѓани и секој е добредојден да се вклучи:
– Да помогне во подготовка и пакување на оброците во петок од 17 часот (во просториите на Гласност, ул. Петар Поп Арсов бр.6, Скопје);
– Да донира намирници кои ќе се искористат за подготовка на оброци (ориз, тестенини, месо, зеленчук за салати итн.) во Freshys – Фрешис или во Гласност.
– Да подготви неколку оброци од дома и да ги донесе во сабота во 13.30 часот на погоре наведената локација (за амбалажи контактирајте нè во порака или на групата.