Поддржувачите на „Шарената револуција“ денеска ќе протестираат во шест градови.
Во 19 часот ќе се протестира во Струмица, Куманово, Гостивар, Ресен и Свети Николе, а во Битола во 18.30 часот.
На последниот протест во Скопје, „Шарената револуција“ даде рок до 18 овој месец да се исполнат нивните приоритетни барања Уставниот суд да се произнесе за уставноста на Законот за Специјалното јавно обвинителство, како и да се запре прогонот кон демонстрантите.
По три дена пауза, утре ќе протестира и во Скопје. Протестот е закажен во 18 часот пред СЈО.