Вучиќ: Србија има јасен став – го почитуваме Договорот со Грција

Сподели

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ по повод референдумот во Македонија, рече дека Србија има јасен став, а тоа е дека го почитува секој Договор помеѓу Грција и Македонија, но дека не може да се запостави што мисли народот и не може да се наметне ништо на сила, јавува дописничката на „Мета“ од Белград.

Тој додал дека очекувал повеќе разбирање од светот за резултатот од референдумот во Македонија и ги замолил ЕУ и НАТО да покажат повеќе почит кон „малите народи“ бидејќи како што истакнал „демократијата, Уставот и законот се тука за да се почитуваат„ и „тогаш кога одлуката на народот не им се допаѓа.“

Прашан да ги искоментира оценките од ЕУ и НАТО за референдумот за новото име на земјата, Вучиќ додал дека не е негово да оценува ниту да се меша, но дека очекувал поразлични реакации.

„Се плашам и ми се чини дека некои луѓе од светот, нас малите балкански народи не потценуваат и мислат дека баш се може да помине“, изјави Вучиќ додавајќи дека се однесуваат така, како што може да биде само како што тие мислат.