Започна владината седница за уставните амандмани

Сподели

Владата на Република Македонија ја одржува својата редовна 99-та седница, на која на дневен ред е текстот на нацртот на амандманите на Уставот на Република Македонија, која Владата денеска ќе ги достави до Собранието на Република Македонија.

На денешната седница ќе биде презентирана и Информацијата за потребата од донесување на Закон за изменување и дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево – Охрид, заради склучување Анекс бр.3 кон Договорот за изградба на автопат, делница Кичево – Охрид.

На предлог на Министерство за транспорт и врски, на денешната седница ќе биде разгледан и Предлогот на закон за спречување на корупција и судир на интереси.