МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Максималната температура ќе се движи од 15 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност и со максимална температура до 18 степени.
Во наредните денови ќе продолжи периодот на стабилно време со појава на утринска магла по одделни котлини. Дневните температури ќе се задржат над просекот за овој период од годината.