На 87. Генерално собрание на Интерпол, кое се одржува во Дубаи, Косово не успеа да ги добие потребните гласови за да се зачлени во Меѓународната криминалистичка полициска организација – Интерпол.
Косово, претходно, за зачленување во Интерпол аплицираше уште трипати, во 2010, 2015 и во 2017 година.
Генералното собрание на Интерпол ќе продолжи и утре, на коешто главна точна на дневниот ред ќе биде избор на претседател на оваа организација.