Почина академскиот уметник Боро Митриќески

Сподели

Академскиот уметник Боро Митриќески почина на 91 годишна возраст.

Замина еден од најголемите претставници на Македонската современа уметност, скулптор со извонредно реалистичен сензибилитет и голем мајстор на мермерот и дрвото.

Наклон и почит за великанот на македонската уметничка сцена, личност која даде исклучителен придонес во основањето и развојот на Националната галерија на Македонија.

Комеморацијата ќе се одржи во понеделник 26.11 од 10 часот во МАНУ, а погребот истиот ден од 12.30 часот.