1TV: Мијалков секој ден добива топол оброк подготвен во кујната на Мериот

Сподели

Сашо Мијалков во затворот во Шутка не јаде од истата храна како останатите притвореници. За него, секој ден се подготвува топол оброк во кујната на хотел Мериот – дознава 1ТВ.

Мијалков го поседува овој хотел и беше приведен токму таму на 20 месецов. Како што пренесува 1ТВ, за поранешниот шеф на УБК секој ден се подготвува оброк во Мериот и се носи во хашкото одделение во Шутка каде е сместен Мијалков. Тој само две вечери спиел во обичното притворско одделение, а потоа биле преместени други притвореници за да се ослободи простор во хашкото.

Мијалков не е единствениот чии гастрономски желби се исполнуваат за време на притворот.