Владата донесе одлука – и втори јануари е неработен ден

Сподели

Владата oдлучи 2. јануари да биде неработен ден за вработените во јавната администрација, со препорака истото да биде прифатено и од страна на приватниот сектор.

Неработни денови за јануари 2019 година за сите граѓани на РМ 

• 1, 2 јануари, Нова година; 
• 7 јануари, Божиќ, првиот ден на Божиќ според православниот календар; 

За граѓаните од православна вероисповед 

• 6 јануари (недела), Бадник, ден пред Божиќ; 
• 19 јануари (сабота), Богојавление (Водици); 

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ 

• 27 јануари (недела), Свети Сава.