Иванов го поздравува потпишувањето на пристапниот Протокол за членство на земјата во НАТО

Сподели

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, секогаш се залагал за остварување на стратешките цели на Република Македонија.

Претседателот Иванов го поздравува потпишувањето на пристапниот Протокол за членство на земјата во НАТО.

Македонскиот претседател смета дека, за жал, останува фактот дека на денешното потпишување на Протоколот му претходеше склучување на договор за промена на уставното име на Република Македонија, кој им нанесе трајна штета на македонските национални интереси.

Триесеттото место во НАТО Алијансата за Република Македонија беше заслужено, имајќи предвид дека одамна се исполнети стандардите во одбраната и воената подготвеност на Армијата на Република Македонија, како резултат во кој придонес имаат сите Влади на Република Македонија – се вели во соопштението од Кабинетот на Иванов.