Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ изразуваат длабоко сочувство до семејствата и сите блиски на загинатите сограѓани во автобуската несреќа на патот Скопје – Тетово.
“Денеска Република Македонија е во огромна болка и тага. Ова е огромна загуба.
Мислите на сите нас се со семејствата на загинатите сограѓаните. На повредените граѓани во сообраќајката им посакуваме што побрзо закрепнување” – стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.