МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се движи од -6 до 2 степени, а дневната од 8 до 18 степени.
Времето утре исто така ќе биде сончево со слаб јужен ветер.
Минимална температура ќе се движи од -3 до 3 степени, а максимална температура од 12 до 17 степени.
Во среда времето ќе биде сончево со слаб до умерен северозападен ветер, додека во четврток сончево со мала до умерена локална облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Во петок времето ќе биде претежно облачно со слаби локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.