Хакерски напад врз австралискиот Парламент

Сподели

Австралија соопшти дека „софистициран странски актер“ бил одговорен за сајбер нападот врз австралиски пратеници во почетокот на месецов.

Во соопштението се прецизира дека најверојатно станува збор за странска земја. Премиерот Скот Морисон изјави дека во тек е истрага дали слични активности имало и во врска со опште избори во земјата во мај годинава. На австралиските пратеници им било наложено веднаш да ги сменат шифрите откако било откриено дека била нападната компјутерската мрежа во парламентот.