За Денот на ретките болести, во Охрид ќе се одржи проекција на филмот „Лицата на Лафора“, на 22. февруари во Јавната научна установа Институт за филм – Филмска Академија Охрид.
„Бидете и вие дел од интернет кампањата – обоете го вашето лице со боите на Ретките Болести и покажете ја вашата поддршка за заедницата на Ретки Болести! Покажи ја твојата реткост. Помогни во подигање на свеста за Ретките Болести. Биди дел од кампањата #ShowYourRare во текот на месец февруари“, стои во најавата за настанот.
На проекцијата ќе присуствува и режисерот на филмот Денис Бојиќ, со кој присутните, по проекцијата, ќе имат можност за разговор и дискусија, информираат Гордана Лолеска и Весна Алексовска од Здружението „Живот со предизвици”.