Во затворот Шутка нападнати Јанакиески и Спировски

Сподели

Двајцата поранешни министри, сега осомничени за организација на крвавиот четврток, првиот ден од притворот биле нападнати од притвореници во затворот Шутка. Инцидентот се случил попладнево за време на прошетка во кругот на заворот. Миле Јанакиески со повреди на главата и на раката е префрлен во воената болница, а Спиро Ристовски е сместен во затворскиот стационар со повреди на носот и на аркадата. Се утврдува дали има скршеници – пренесува Телма .

Сопругите на двајцата поранешни функционери кои се нападнати, за Телма тврдат дека инцидентот покажал дека не се безбедни и велат дека се сериозно загрижени за нивниот живот.

Според она што го слушнале од нивни информации, Сања Јанакиеска и Маја Ристеска објаснуваат дека припадници на групата од Диво Насеље кои се во Шутка првин го нападнале Јанакиески, а Спире Ристески се обидел да му помогне, но и тој бил нападнат.