Новинарката Славица Филиповска е добитник на наградата „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија, за серијалот стории на тема „Депониите со линдан во и надвор од фабриката Охис“, објавени во емисијата „360 степени“ на Алсат-М, што ги доделува МИМ за најдобри истражувачки стории
Втората награда ја доби Евис Халили Мемедалија за серијал текстови за злоупотреби во рамките на Националниот план за култура во 2018 година, објавени во весникот „Коха“. Третонаградена е Елена Колевска за истражувањето за долгот на 20-те најзадолжени општини пред локалните избори во 2017 година.
МИМ им додели пофалници на новинарите Сунаи Сабриоски, Марија Митевска и Дарко Шарговски.