Татјана Лазаровска, вработена како професионален војник во АРМ шири говор на омраза на социјалните мрежи.
По терористичките напади во Нов Зелан во кој во пукање во две џамии беа убиени 50 лица, таа шири говор на омраза и дискриминација, пишувајќи дека на терористот треба да му се дала Нобелова награда.
Ова наиде на бројни негативни реакции на социјалните мрежи, а од генералштабот на АРМ за Либертас ја потврдија инфорацијата дека Лазаровска е вработена во АРМ и нагласија дека ја осудуваат нејзината постапка, како и ќе биде сaнкционирана за ова.
„Во однос на Вашето прашање дали во редовите на Армијата постои лице со наведеното име и презиме кој во одредени медиуми се поврзува со објавен статус на личен профил на социјалната мрежа „фејсбук“, Ве известуваме дека по извршениот увид е констатирано дека во состав на потчинетите единици на генералштабот има професионален војник со наведените персонални податоци. По сознанието од наша страна, согласно законските регулативи и надлежности е отпочната постапка за утврдување на одговорност и за преземање соодветни дисциплински мерки. Генералштабот најостро го осудува секој облик на изразување на било каков вид на нетрпеливост, дискриминирачко однесување или поддршка на истите од било кого. Од Генералштабот е наложено до потчинетите команди и единици секогаш да се преземат соодветни мерки за спречување и најостро санкционирање во рамки на законските надлежности на било кој непримерен облик на однесување и нарушување на угледот на Армијата од страна на своите припадници“, велат од АРМ.
ЦИВИЛ – Центар за слобода бара од Владата и надлежните институции да преземат итни, неодложни чекори да воведат строги критериуми за оценување на луѓето што работат во нив и веднаш да ги санкционираат сите свои службеници и функционери доколку тие се служат со говорот на омразата и поттикнуваат радикализам, насилен екстремизам или на било кој начин придонесуваат кон возвишување на насилства, злосторства и тероризам.