Иницијативата „5 до 12“ утре повторно пред Собрание

Сподели

“5 ДО 12” ПОВТОРНО ПРЕД СОБРАНИЕ

20 Април 2019, Парк Жена – Борец во 11:55 часот

Почитувани членови, соработници, родители, поддржувачи

Ве очекуваме, сите заедно да одбележиме 2 ГОДИНИ од првиот камп, односно две години граѓански активизам за унапредување на правата на лицата со посебни потреби.

Во изминатите 2 ГОДИНИ, се случија многу работи, вклучително и промена на системот, сега следува и промена на претседател, сепак НИЕ ОСТАНАВМЕ, ТУКА СМЕ И ЌЕ ОСТАНЕМЕ ВО ИДНИНА!

Во Сабота, 20 Април, во 11:55 часот, ќе одржиме ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА пред Собранието, за да СИМБОЛИЧНО порачаме дека НЕ СЕ ОТКАЖУВАМЕ, и ќе продолжиме да бидеме активни се до конечно остварување на нашите барања и права!!!

За времетраење на собирот ќе направиме пресек на активностите во изминатите 2 ГОДИНИ, и ќе извлечеме заклучоци за постигнатите цели. Ќе анализираме, ќе дебатираме и ќе дефинираме следни цели и стратегија за следната година

Ги повикуваме сите родители, сите лица со посебни потреби и сите оние кои до сега официјално не се приклучија кон 00 да пристапат и да ни се приклучат, затоа што борбата која ја водиме не засега сите.

Нашата мисија и нашата цел не обединуваат без разлика на пол, боја, вера или религија.

Затоа, единствено и само во интерес на нашите деца, ги оставаме на страна политичките и партиските определби и уште еднаш потврдуваме дека НЕ ОТСТАПУВАМЕ се до конечна реализација на нашите барања.

Покажавме дека ЗНАЕМЕ, МОЖЕМЕ И УМЕЕМЕ, сами да се организираме и да се мобилизираме, и да дејствуваме во интерес во интерес на сите следни генерации.

Секако ќе продолжиме го правиме тоа и понатаму!