Затворени гласачките места – постигнат е цензусот, до 18:30 гласале 44,5% од гласачите

Сподели

 

Во 19 часот затворени се сите избирачки места на кои граѓаните на Република Северна Македонија можеа да гласаат на вториот круг од шестите претседателски избори.

На 3.480 избирачки места во Републикава и на 32 места во странство на шестите претседателски избори можеа да гласаат 1.808.131 граѓанин запишани во избирачкиот список.

Државната изборна комисија објави дека до 18:30 часот излезноста на претседателските избори изнесува 44,5%.

Претседателот на ДИК, Оливер Дерковски додаде дека денешниот изборен ден поминал мирно и оти нема пријави за посериозни инциденти или попречувања на гласачкиот процес. Статистичките детали околу излезноста по општини може да го проследите во приложениот видео материјал од прес-конференцијата на ДИК: