Заменик министерот Андреј Жерновски денеска ќе учествува на свеченото одбележување на 20 години од мисијата на Меѓународната организација за миграции – ИОМ во земјава. Република Северна Македонија стана членка на Меѓународната Организација за Миграции во 2014 година, a претходно имаше статус на земја-набљудувач.
Овој заеднички настан е со цел одбележување на две декади од работата на Мисијата на ИОМ во земјава и ќе се даде осврт на спроведеното. Во склоп на настанот Министерот Едмонд Адеми и Регионалнитот Директор на ИОМ Аргaнтина Сабадош ќе потпишат и Меморандум за соработка на полето на соработката од областа на дијаспората.
На пригодната свеченост покрај Заменик министерот ќе се обратат и Едмонд Адеми, Министер без ресор задолжен за дијаспора, Аргантина Сабадош, ИОМ, регионален Директор за југоисточна Европа, источна Европа и централна Азија; Росана Дуджак, Резидентен координатор на ОН; Питер Ван Дер Oвараерт, ИОМ, суб-регионален Координатор за регионот на Западен Балкан како и Соња Божиновска Петрушевска, Шеф на канцеларијата на ИОМ во земјаaва.