“Мојата битка за слобода, правда, одговорност и еднаквост не започна со политичките или партиските функции, ниту пак ќе заврши без нив !
Битката за овие вредности на секој слободољубив и правдољубив човек започнува со самото негово раѓање, затоа што човек таков се раѓа и таков умира !
Предизвикот да се издржи на тој пат, колку и да е тежок и трнлив ја покажува вербата и посветеноста на тие идеи и цели, а не вербата во функциите !
Донесените одлуки се донесени, без грам суета, туку одлучно како што личи на луѓе со интегритет и визија за очекувањата !
Доаѓа време за испорака на мотото за кое се боревме и во кое верувавме сите ние, дека: “Одговорност мора да има” и “Никогаш да не се повтори!”.
Му благодарам на претседателот и заменикот претседател на СДСМ, Зоран Заев и Радмила Шеќеринска за довербата.
Борбата продолжува!” – напиша пратеничката Фросина Ременски на својто ФБ профил, која синоќа на седницата на партискиот централен одбор, заедно со останатите потпретседатели на СДСМ беа разрешени, откако претходно самите си поднеле оставки.