Канада го ратификуваше Протоколот за членство на земјава во НАТО

Сподели

Канада е 18-та земја членка на Алијансата која го ратификуваше Протоколот за членство на земјава во НАТО.

Канадското МНР на твитер ја објави оваа вест и ѝ посака на Република Северна Македонија добредојде како идна 30 членка во НАТО Алијансата.

“- Канада со задоволство го ратификуваше пристапувањето на Северна Македонија во НАТО. Додека славиме 70 години НАТО, со нетрпение очекуваме да ве поздравиме како 30-та членка на Алијансата во блиска иднина”, објави канадското МНР.