МАКЕДОНИЈА – Времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Во крајните западни и источни делови ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се движи од 12 до 19, а дневната од 24 до 35 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје слично време, сончево и потопло со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 32 степени.
Во сабота ќе преовладува сончево и топло време со услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи.
Во недела попладне и во следните денови повторно на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, ќе дува засилен југозападен ветер, а од понеделник ветерот ќе се промени во северен и тоа ќе услови опаѓање на температурата за неколку степени.