Мицкоски: Со договорот со Грција одземено е достоинството, нарушен е идентитетот

Сподели

 

Во емисијата „Клан Дебата“, гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицкоски кој истакна дека со самиот договор со Грција се наруши достоинството на Република Македонија.

-Нема никогаш да си дозволам како егзибеционист и себичен политичар да ветувам едно, да се колнам во дедовината, во татковината итн. А, првиот момент кога ќе ми се укаже можност ќе го променам мојот став заради лична корист и заради личен материјален бенефит, појасни Мицкоски.

Мицкоски додаде дека тогаш и сега вели дека штетата е направена и таа штета денеска е срамна.

-Уништено е достоинството на Македонија, македонскиот народ и македонската нација. За да се вратиме ние чекор назад нас ни требаат две третини во парламент и ни треба бандатерово мнозинство. Ние не можеме да ветуваме нешто да ги креваме очекувањата кај граѓаните дека ќе направиме само за да добиеме власт и потоа да уживаме во привилегиите од таа власт, а ништо да не направиме од тоа што сме го ветувале, посочи Мицкоски.