Заев го повлекува предлогот да биде министер за финансии

Сподели

 

Премиерот Зоран Заев на денешната седница во Собраниетообјави дека го повлекува предлогот тој да биде назначен и за министер за финансии.

Тој рече дека Уставот и Законот за Влада, дозволуваат на премиерот да биде и министер, но сепак, покрај дилемите кои се отворија, тој го повлекува тој предлог.

– Но, дефинитивно по тоа што го истакна опозицијата и Антикорупциската комисија, дадов налог на кабинетот да пушти текст за повлекување на предлогот за мое назначување за министер на таа функција – рече Заев.

Тој сепак, не го повлече предлогот да биде разрешен досегашниот министер, Драган Тевдовски. Заев нема да биде министер, но привремено ќе раководи со тој ресор.

– Согласно овластувањата ќе раководам со министерството за финансии до избор на министер – изјави премиерот Заев.

“Кога е отворена дилеми и дебата власта, премиерот и сите останати треба да ги слушнеме и опозицијата и антикорупциска, која не заседавала но испрати сериозна порака, истовремено и експерти во јавноста. Така да формализацијата на ова, министер за фиансии да ја извршува премиерот ја тргаме од дневен ред, ја повлекувам и најавувам дека согласно овластувањета кои законот за влада ги дава, ќе раководам со министерството за финансии до избор на министер”, рече Заев.