ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи, особено претпладне. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, најизразен вдолж Повардарието. Утринската температура ќе се движи од 13 до 21, а дневната од 23 до 35 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје, слично време, променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи, особено претпладне. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 19, а дневната ќе се искачи до 31 степен.

Од сабота следува период на стабилно време, а од понеделник и значително потопло.