Садула Дураки назначен за вицепремиер во Владата

Сподели

 

Министерот за политички систем и односи меѓу заедниците Садула Дураки од ДУИ е назначен за вицепремиер во Владата на Зоран Заев.

Одлуката за унапредување на Дураки беше донесена на вчерашната седница на Владата.

Дураки беше сменет со „метлата“ на Заев и од министер за животна средина и просторно планирање, сега е министер во новото Mинистерство за политички систем и односи меѓу заедниците.

Тој доаѓа на местото на разрешениот сопартиец Хазби Лика, кој беше министер без ресор и вицепремиер за спроведување на Рамковниот договор и политички систем.