Русковска: Пронајдениот телефон на Јанева е форматиран – во него нема ништо

Сподели

 

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска за Канал 5 потврди дека е извештачен и вториот мобилен телефон на Катица Јанева.

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска за Канал 5 потврди дека е извештачен и вториот мобилен телефон на Катица Јанева, но вели дека во него нема ништо, односно дека е форматиран со сменет ICloud. Ова потврдува дека станува збор за мобилен телефон од производителот Iphone.

Иако поминаа повеќе од 15 дена, Обвинителството не соопштува детали од вештачењето на првиот мобилен апарат на Јанева.