Почнува постапката за разрешување на Јанева

Сподели

 

По седницата за поведување постапка за разрешување на Јанева, претседателот на Советот на јавни обвинители, Коле Штерјев, изјави дека едногласно е донесено решение за отпочнување постапка за разрешување на Катица Јанева од шефица на СЈО.

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ја осомничи Јанева дека ја злоупотребила службената положба и овластување и му овозможила на осомничениот Орце Камчев, во предметот „Империја“, да излезе од притвор и да добие времен пасош.