Претседателката на СЈО, Катица Јанева со писмо од затворот во Шутка го известила Советот на јавни обвинители дека ја активира условната оставка поднесена на 15 јули.
Од Советот на јавни обвинители неофицијално потврдуваат дека ја добиле писмената оставка, но официјална потврда нема бидејќи писмото било испратено доцна попладнево,по завршувањето на работното време.
Претседателот на Советот на јавни обвинители Ацо Колевски информира дека до крајот на работниот ден на Советот, немаат добиени никаков допис, но вели дека е можно да пристигне во текот на утрешниот ден и дека не може да ја соопшти содржината.
-Ние во Советот, доколку стигне, ќе ја разгледаме веднаш и ќе одлучиме како би постапиле, истакнува Колевски.
Вчера Јанева од притворот во Шутка напиша писмо со кое побара СЈО да му ги предаде сите предмети на Јавното обвинителство.
Ова следува откако дел од медиумите објавија дека со ново писмо рачно напишано специјалната обвинителка Катица Јанева од притворот КПУ „Затвор Скопје “ го известила Советот на јавни обвинители дека ја активира условната оставка која соопшти дека ја поднесува на 15 јули.

Таа на денот на апсењето на Боки13 поднесе условена оставка, најавувајќи дека ќе се повлече штом се избере нејзин заменик.