СПОРТСКА КАНЦЕЛАРИЈА
Колку пати неделно спортувате?
Некои од Вас редовно, некои многу ретко, но поразителен е фактот што 60% од населението никогаш нема спортувано!
50% од вработените поминуваат повеќе од 4 часа на ден во седната положба!
Со оглед на тоа, не е ни чудно што ⅔ (две третини) од населението е со надпросечна телесна тежина!
https://www.facebook.com/sportmastercard/videos/2233930303400019/
Како да го надминеме овој проблем?
За прв пат оваа година, се организира национална кампања “Спортска Канцеларија” со цел промоција на активниот и здрав начин на живот.
По тој повод ги повикуваме сите компании да се приклучат кон иницијативата и да прогласат “Спортска канцеларија” за своите вработени.
Се повикуваат сите вработени во Петок 18.10.2019 да облечат патики на работа и да посветат барем еден час за спорт и забава.
За сите компании кои сакаат да се приклучат на иницијативата, од организаторите ќе добијат:
- Постери и флаери за интерна промоција на настанот кои ќе бидат лично доставени
- Бесплатен тренер (по фитнес, танци, јога итн), кој ќе ја посети Вашата канцеларија на 18.10.2019 во договорениот термин и ќе спортува еден час заедно со сите вработени
Тимот на Sportmaster Ве повикува да учествувате во кампањата. Се надеваат дека со оваа кампања ќе ги инспирираат сите вработени да најдат време и желба да спортуваат и да бидат активни преку целата година.
Пријавете се на линкот https://sportmaster.mk/sportskakancelarija