Претсeдателот на Собранието, Талат Џафери за утре во 13 часот ја закажа седницата за разрешување на осомничената обвинителка Катица Јанева, со единствена точка на дневниот ред.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека парламентарното мнозинство и Талат Џафери одбиле да свикаат итна седница за разрешување на Катица Јанева, на нивно барање.
„СДСМ и Зоран Заев очајно на секој начин пробуваат да ја спасат Катица Јанева“, изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.