„Храна за сите – Банка за храна МК“: Функционален и безбеден систем за редистрибуција на вишок храна

Сподели

 

Здружението „Храна за сите – Банка за храна МК“ и партнерите: Организација на жени од Струмица, СИБАХЕ-Словенечка Банка за храна и Европска федерација на Банки за храна – ФЕБА денеска во хотелот „Стоун Бриџ“ ќе одржат тркалезна маса на тема „Како да го одржиме системот за донација и редистрибуција на вишок храна”.

“Целта на овој настан е да се презентираат добрите практики на ФЕБА и националните Банки за храна ширум Европа, како и да се развие дискусија за правата и обврските на сите засегнати страни во процесот на донирање и дистрибуцијата на вишокот храна – организации, бизниси, институции и крајни корисници, соопштија организаторите”, соопштија од Банка за храна МК.

Тркалезната маса се организира со намера да ги презентираат клучните области кои, идниот Закон за донирање вишок храна треба да ги регулира, вклучително и да ги мапираат и продискутираат очекувањата, потребите и проблемите на учесниците во процесот.

“Наша искрена намера е да споделиме и размениме позитивни искуства кои ќе ни помогнат во создавањето на одржлив, функционален и безбеден систем за редистрибуција на вишок храна”, истакнаа од Банка за храна МК.

Најавено е обраќање на претседателот на Европска федерација на Банки за храна – ФЕБА, Жан Мари Ванденшрик и генералната секретарка на ФЕБА Ангела Фриго.