Локални избори во Италија: Рим ја доби првата градоначалничка

Сподели

Раги, инаку 37-годишна адвокатка и локална советничка, успеа за неколку месеци од предизборната кампања да излезе од анонимноста и да стане едно од најпознатите ликови на италијанската политика

thumbs_b_c_6184ff71b15a1a32892fb98f54bd33a5

РИМ (AA) – Кандидатката од движењето „Пет ѕвезди” (M5S) Вирџинија Раги, во вториот круг на избори го победи кандидатот на Демократската партија Роберт Џиачети со што стана првата градоначалничка на Рим во историјата, јавува Anadolu Agency (AA).

Според неофицијалните резултати, Раги, како кандидатка на популистичкото Движење пет ѕвезди (M5S), доби 60 отсто од гласовите во однос на Џиачати од Демократската партија на премиерот Матео Ренци, а овие локални избори се сметаат за тест на популарноста на италијанскиот премиер и неговата партија на левиот центар.

Движењето „ Пет Sвезди” освои мнозинство во Рим и Торино, додека Демократската партија успеа да постигне победа во италијанскиот финансиски центар Милано и Болоња.

„Ќе бидам градоначалничка на сите Римјани. Ќе ја вратам законитоста и транспарентноста на градските институции по 20 години лошо управување. Со нас започнува нова ера”, рече Раги на првата прес-конференција на која ја прогласи победата.

Раги, инаку 37-годишна адвокатка и локална советничка, успеа за неколку месеци од предизборната кампања да излезе од анонимноста и да стане едно од најпознатите ликови на италијанската политика.

Во својата кампања таа вети дека ќе се бори против корупцијата, ќе ги укине привилегиите за службениците и ќе го врати стариот сјај.

На гласачките места во 126 општини, меѓу кои и на Рим, Неапол, Торино и Болоња, беа отворени вчера во седум часот, а затворени во 23 часот. Италијанското министерство за внатрешни работи соопшти дека граѓанската должност можеа да ја извршат 8.610.142 лица со право на глас.

Првиот круг од овие избори се одржаа на 5-ти јуни, а Раги тогаш освои 35,2 отсто од гласовите.

AA.COM.TR