Во подготовка нов закон за легализација на дивоградби

Сподели

 

Легализацијата на дивоградбите со новиот закон нема да биде едно евро од квадрат, соопшти денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески

Во владина процедура следната недела треба да се најде нацрт верзијата на новиот закон за легализација на дивоградби, на кој работеше изминатиот период работна група од Министерството за транспорт и врски и од Заедницата на единиците на локалната самоуправа ЗЕЛС, најави денеска ресорниот министер Горан Сугарески.

– Веќе е подготвена информација од Министерството за транспорт и врски до Владата. Да ја видиме потребата, најверојатно во вторник на седница, и потоа ќе ја пуштиме во Влада и во Собрание.

Од март 2011 до крајот на 2018 година, беа поднесени над 430 илјади барања, повеќе од половина од нив веќе имаат правен статус со имотен лист, значителен дел се во постапка на решавање, а нерешените имотно правни работи беа главен кочничар на процесот.

Последните податоци на ЗЕЛС беа дека во државава има над 70 илјади индивидуални и деловни објекти што се уште не се во регулиран правен промет.