МВР предлага нов закон за изменување на Законот за јавни собири

Сподели

 

Нов предлог-закон за изменување на Законот за јавни собири предлага Министерството за внатрешни работи.

Покрај оваа одредба, се менуваат и дел од условите за местата каде е забрането да одржуваат јавни собири. Покрај досегашните забранети локации како автопатишта, болници и градинки и училишта, МВР во предлог-законот додава уште неколку одредби во членот 2 – странските амбасади, објекти и простори од интерес за безбедноста на државата, како и седиштата на органите на државната власт и просторот околу нив, одредба која беше најконтроверзна кај корисниците на социјалните мрежи.

Во предлог-законот исто така се додава одредба во која лицата кои присуствуваат на јавниот собир не смеат да носат средства на лицата и главата кои го отежнуваат утврдувањето на нивниот идентитет, а се одредува и временски период во кој може да се одржува јавниот собир – од 06 до 23 часот.

Со новиот предлог-закон истовремено се дефинира многу подетално улогата на редарите на јавните собири, а драстично се намалуваат и паричните казни за оние кои прекршуваат одредби поврзани со организација на јавниот собир.

Како причина за измена на законот посочуваат дека досегашното применување на актуелниот закон за јавни собири покажал повеќе недостатоци во неговата имплементација о дека целта на измените се да се зголеми ефективноста и ефикасноста на работата на полицијата – посочуваат од МВР.

„По извршена анализа, утврдена е потребата од изменување и дополнување на Законот за јавните собири  водејќи притоа сметка да не се загрози правото на граѓаните на мирно собирање и изразување на јавен протест и да не се нарушува јавниот ред и мир на граѓаните, нивното извршување на секојдневните потреби и можност да ги остварат своите основни права, непречено работење на персоналот во здравствените установи, како и да не се нарушува мирот на болните лица во здравствените установи“, стои во воведот на предлог-законот.

Од МВР додаваат и дека интервенцијата во Законот за јавните собири е во релација со одредбите од Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи и протоколите од Конвенцијата.

Според МВР со предлог-законот се усогласува Законот за јавни собири со новиот Закон за прекршоците во однос на глобите, а се интервенира и во името на државата според новите Уставни амандмани.