Средба Димитров- Вера Јоурова, европската комесарка за правда, потрошувачи и родова еднаквост

Сподели

 

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денес оствари средба со еврокомесарката за правда, потрошувачи и родова еднаквост, Вера Јоурова, која престојува во Република Северна Македонија по повод Министерскиот Форум ЕУ-Западен Балкан за правда и внатрешни работи, организиран под покровителство на Финското Претседателство со ЕУ, во Скопје, 18 и 19 ноември 2019 година.

 

 

 

Министерот Димитров најнапред и’ посака честитки за новата позиција во новиот состав на Европската комисија, како надлежна за портфолиото – европски вредности и транспарентност, од особена важност за македонските граѓани и кон чија целосна реализација се стреми македонското општество. Притоа ја потврди одлучноста да се продолжи по тој пат и покрај разочарувачкиот исход од октомврискиот ЕУ Самит. Во тој контекст беа разменети мислења и за домашните случувања, како и за очекувањата и следните чекори поврзани со ЕУ агендата.

Еврокомесарката Јоурова изрази поддршка за нашите ЕУ аспирации, нагласувајќи дека испорачаното досега од земјата e за почит и истото треба соодветно да биде валоризирано од страна на ЕУ што е можно поскоро.