По одлуката на Апелацискиот суд Скопје поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева да излезе од притворот во Шутка и да издржува домашен притвор во станот на нејзиниот син, изби „војна“ помеѓу првиот човек од Обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска и Апелацискиот суд во Скопје, пишува СДК.мк.
Според овој медиум, Русковска вчера му испратила смс порака на еден од тројцата судии кои донесоа одлука да ја пуштат во куќен притвор поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, со закана дека ќе им отвори финансиска истрага.
Од Апелациониот суд велат: „Само нека повели, вратите ѝ се отворени“.