МВР: 50 години постоење на Хеликоптерската единица

Сподели

 

 

„Во петдеценискиот развој и работата на Хеликоптерската единица, таа – заедно со сите нејзини припадници – бележи континуиран напредок, како технички, така и кадровски, израснувајќи во максимално респектабилен фактор, неопходен за секојдневното функционирање на министерството. Сето ова е осведочено низ мноштвото ангажмани на единицата, вклучително и мисиите со крајно благороден, спасувачки карактер. Оттаму, сакам и овде, уште еднаш да ја потенцирам нашата решеност – мојата и на актуелното раководство на МВР – да продолжиме со конкретно инвестирање, пред сè техничко, професионално и стручно, во натамошното унапредување на единицата којашто веќе ги достигна високите полициски стандарди на работење, согласно стратешките потреби на нашето министерство, истовремено сообразувајќи се во целост со сличните вакви единици на полициите од земјите на ЕУ“, рече министерот Спасовски, по повод пет децении постоење на Хеликоптерската единица при МВР.

 

Во оваа насока, рече Спасовски, со задоволство ќе нагласам дека во претходниов период го реновиравме стариот хангар, и тоа за првпат откако е изграден, а успеавме да обезбедиме ремонт за две летала, и тоа: „Бел 212“, на кое досега не можевме да сметаме и на „206“. Со модернизација на инструментариумот и вградување на специјална опрема за работа со јажиња, „Бел 212“ ќе се оспособи за животоспасувачки акции, со што двојно ќе биде зголемен капацитетот за извршување на овие благородни мисии.