Три години затвор за Зоран Милевски-Кичеец обвинет во “РЕКЕТ”

Сподели

 

Три години затворска казна е првата пресуда изречена во случајот „Рекет“, за Зоран Милевски кој се товареше за „примање награда за противзаконито влијание“ за кое Кривичниот законик предвидува казна од една до 10 години затвор.

Запрашан од судијката дали се чувствува виновен за кривичните дела за кои го гони Обвинителството во оваа постапка, Зоран Милевски Кичеец на вчерашното судење, изјави – „Да, чувствувам вина“.

Пред изрекувањето на пресудата неговите адвокати побараа условна казна а обвиниителката Рускоска пак, на вчерашното рочиште, побара од судскиот совет при изрекувањето на казната да ги земе во обзир сите олеснувачки и отженувачки околности.

„Мислам дека е добра изречената санкција, но сепак откако ќе ја добијам пресудата ќе одлучам дали ќе поднесам жалба за висината на казната. Не очекував повисока казна, зашто сепак е голем распонот од една до десет години со оглед дека досега е неосудуван и особено дека призна вина“, изјави обвинителката Рускоска.

Бранителите на Милевски побараа притворот да биде укинат поради негови здравствени проблеми и на членови на неговото семејство, но судот одлучи тој да остане во куќен притвор се до правосилност на пресудата.