Австријските власти изјавија дека бил откриен заговор за извршување терористички напади по Божиќ кои биле планирани да се изведат во близина на Катедралата Св. Стефан во Виена, како и напди во Салцбург, Франција, Германија и Луксембург, пренесува МИА.
Нападите биле планирани од терорист кој е во затвор и досега два пати се обидел да се присоедини на ИД во Сирија. Тој во затвор останал во контакт со своите соучесници и преку нелегален мобилен телефон ги планирал нападите.
Анонимен повик до властите ја открил планираната акција. Полицијата ги приведе соучесниците кои биле со чеченско потекло, на возраст од 25 и 31 година.