„ПАРТИЗАН“ добива нова вредност

Сподели

 

За нови вредности! Со ваква порака и интенција за иднината на спортискиот објект во Карпош 4, започна средбата меѓу градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев и проектантот на салата „Партизан“, истакнатиот македонски архитект Трајко Димитров. Воочливо беше задоволството на архитектот Димитров од фактот што „Партизан“ конечно се врати во владение на Карпош и наскоро започнува постапката за нејзина ревитализација и обнова.

 

 

На овој начин, со сесрдно залагање на Општината, трајно се заштити јавниот простор, каде што нема да се добие нова зграда туку уредена зона за спорт и рекреација на сите граѓани.

Уште на почетокот на 2019 година, Општина Карпош ја почна Иницијативата за спас и обнова на салата, а неодамна истата, по Одлука на Владата, беше пренесена во владение на локалната самоуправа.

.Градоначалникот Богоев го искажа своето задоволство што годината завршува со резултат и исход по ова прашање.

Тој го покани архитектот Димитров на саботниот настан под мотото „Партизан обединува“, од 11:45 часот, во дворот на култната сала. Исто така, тие поразговараа за предлог идејните проекти, изработени од архитекти на меѓународната невладина организација „Културно ехо“. Проектите ја задржуваат автентичноста на објектот, но внесуваат и нова свежина и дух за „Партизан“, кој ќе биде „споменик“ на модерен и современ Карпош.

 

 

Во постапката за враќање на салата беа вклучени јавни институции, граѓанскиот сектор, спортски федерации и работници. „Партизан“ ги обедини сите и ова ќе претставува позитивен пример на соработка меѓу државните институции и граѓанскиот сектор.

 

denesmagazin.mk