ПЕНДАРОВСКИ: Нека ни е среќна и бериќетна новата 2020 година!

Сподели

 

“Во нашиот заеднички дом посакувам, пред се’, да владее мир и спокој до кој ќе дојдеме преку граѓанско помирување втемелено врз правда и вистина. Посакувам благосостојба, втемелена врз евроатлантска безбедност и вредности. Почитувани граѓани на сите Ви посакувам добро здравје и меѓусебна почит. Затоа, да ги напуштиме поделбите, да се почитуваме и помагаме. А ние политичарите, ако сакаме младите да живеат тука, тогаш, уште од сега, мора да работиме со двојно поголем ангажман, за демократска држава и за слободно, хумано и солидарно општество.”

“Нека ни е среќна и бериќетна новата 2020 година!“- порача во новогодишната видео порака претседателот, Стево Пендаровски.

 

https://www.facebook.com/SPendarovski/videos/2886958041366733/