Во Штип утрово почувствувани два земјотреса

Сподели

 

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје утринава во 8.00 часот и во 8.15 часот регистрираше земјотреси, чиј епицентри се наоѓаат 77 km југоисточно од Скопје.

Според досегашните податоци, нивните Рихтерови магнитуди изнесуваа 3,1 на првиот и 2,7 на вториот земјотрес. Беа почувствувани од населението во Штип и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.