На 27. декември 2019 година, стратуваа податоците од ЕУ ПРОЕКТОТ AIRTHINGS за следење на квалитетот на амбиентниот воздух во Охрид.
Поставени се 11 станични сензори, а три станични сензори комуникациски ќе се релогираат по нова година (на локациите во ОУ „Св.Климент Охридски“, Спортска сала„ Атина Бојаџи“ и ОУ „Христо Узунов“). Во Охрид се следат 5 еколошки параметри и три метеоролошки параметри.
На платформата веќе се пуштени и 22 станични сензори во Софија, а до март 2020 година ќе бидат пуштени и станичните сензори во Солун, Никозија и Тирана.
Податоците служат за потреби на проектните активности и истите не може да се превземаат ниту толкуваат за времетраењето на проектот без дозвола на Државен инспекторат за животна средина и Општина Охрид. Оваа платформа не е дел од Државната Мониторинг Мрежа на МЖСПП ниту дел од било која друга мрежа, истата е самостојна и креирана во рамки на ЕУ ПРОЕКТOT AIRTHINGS.
Интернет страница на проектот (кликни за пристап до страницата):
Во прилог е и линкот со гранични вредности на емисиии во амбиенталниот воздух (кликни за пристап до страницата):