“Да се биде редок не значи да си невидлив.”
Да подадеме рака, другар за другар, брат за брат, да ги запознаеме ретките болести. Овој февруари е повторно редок, како болеста која можеби ја има човекот кој седи до вас во ресторан, детенцето кое си игра со другарчињата. Време е за 29 дена во февруари со 29 ретки дијагнози.
Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“, месецот кој е редок по своите ретки 28 или 29 дена, здружението “Живот со предизвици” ќе се обиде преку своите активности да ја запознае јавноста со предизвиците и проблемите со кои се соочуваат. Како ја добиваат дијагнозата? Дали има некаков лек? Колку и дали воошто се пристапни и достапни лековите?
Многу сме! Ретки сме! Силни сме!